Многу ми беше чудно кога прочитав “традиционално лице”. Зарем постои такво лице? А се мислев сите луѓе секаде се различни без разлика од каде доаѓаат, во едно место можеш да забележиш различни лица, но и самата слика го докажува спротивното. Кога ја видов сликата и не би го ставила во ниту една друга култура освен Индиска. И тоа не е стереотипно и не е толку лошо. Токму тоа ја носи и ја претставува културата и традицијата на своето општество. И самата разгледница се вика Лицето на Индија и мислам дека поубав опис не би можело да има. Црвениот турбан (што е најчест) заедно со мустаќите било она што ги отсликува традиционалните мажи во Индија.
А Канишка секогаш знае да ги надополне разгледниците една со друга за тие да имаат целина во претставувањето на Индија (тоа значи има уште една разгледница за жените)