Сликата ни пренесува типична традиционална облека која се носи во секојдневието во селата во Индија, а оваа е од Раџастан.
И да, Канишка секогаш испраќа (црта) сонце на разгледниците, па топлината се осеќа затоа што патува заедно со поздравите.
Всушност со Канишка останавме добри пријатели низ текот на годините, благодарение на разгледниците. Па покрај разгледници често знаеме и поезија да си размениме.