Ландо всушност е од Мексико, но често патува низ светот и знае да ме поздрави со некоја разгледница. Овој пат топлите поздрави дојдоја од Белизе, држава за која имав слушнато, но потоа тоа што го научив, e баш заради разгледницата што ми остави силен впечаток, па ме мотивира да истражувам.
Дополнително инфо – Разгледницата ги прикажува дел од урнатините (остатоците) од Маите, Алтун Ха, кој има дури тринаесет делови (структури) вклучувајќи го и храмот на Богот на Сонцето. Се претпоставува дека датира од 200 година пред нашата ера.
Алтун Ха во буквален превод значи Вода од Камен.
Инаку државата Белизе, се наоѓа најсеверно од Америка и припаѓа и на Карибските острови. Главен град е Belmopan, а порано бил Belize city.