
Оваа е од ретките разгледници која ми е тешко да ја разберам што пишува.
Преку разгледниците луѓето ги запознаваме преку нивниот ракопис, тоа е впечатокот на прв поглед што би рекле. И не можеме да се разбереме или да ги разбереме сите луѓе што ги знаеме во живо, па така и тука. Некои само испраќаат поздрави, некои го опишуваат денот, некои разгледницата, а некои дури и марката. Луѓе сме, со различни карактери и тоа го пренесуваме и испраќаме насекаде 🙂