Роса Амалиа, Индонезија

За некого ова можеби е нормален поглед на село во Бали, но за мене е навистина ретка глетка, со неверојатен поглед и не толку самата фотографија, колку она што го претставува разгледницата.
А познатиот Баронг е добродушен sвер кој ги брка лошите влијанија.
Роза Амалија пишува дека луѓето од разгледницата одат заедно со баронгот, но тие треба да танцуваат (а тоа е оној најпознатиот традиционален танц на Бали) за да почне „магијата да делува“.
Како и да е, Бали е прекрасно место за одмор – плажите, малите селца, културите, храната, се магнет за сечиј сон за летување. Да, го знаев тоа, но ете, Роза Амалија ме потсети што сум пропуштила досега 😅

Дополнителни информации – Баронг е антички митолошки танц во Бали, што претставува борба помеѓу добриот и лошиот дух.
Баронгот претставува митолошко животно што го симболизира добриот дух, а Рангда е митолошко чудовиште што го симболизира злото.
Танцот го изведуваат високо талентирани локални уметници во отворен театар. Баронгот се бори против магијата на Рангда за да може полесно да ја контролира и убие за потоа да може да ја врати рамнотежата.

Главните ликови се:

Баронг: Херој, суштество во форма на лав, крал на добрите духови
Рангда: Злобничка, демонска кралица, вдовица, водач на зла
Легонг: Женска танчерка, што ја претставува добрината, поддржувач на Баронг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *