Џени, САД

Еве една убава и шарена разгледница со рецепт од познатиот десерт од Флорида – пита од портокали.
Покрај поздравите, Џени ме мотивира да уживам и во овој десерт. Да бидам искрена, ја пробав со мандарини, бидејќи тие се претставени на фотографијата, а и да бидат фер, мандарините повеќе ги сакам отколку портокалите. Но, ветувам следната зима, ќе се обидам да ја направам и со портокали. Многу е невообичаено за нашата земја, но зошто да не, кога е навистина вкусно.

Еве ги упатствата (кои се напишани на задниот дел од разгледницата)
Комбинирајте го сокот од портокал, сечените парчиња од портокал, ренданата кора, шеќерот и пченкарниот скроб. Гответе на тивок оган додека не изгледа бистро. Додадете малку од оваа врела мешавина за да ги изматите жолчките. Вратете ги потоа во врелата смеса и гответе уште 5 минути. Тргнете ги на страна од оганот.
Измешајте го сокот од лимон со путерот или маргаринот. Истурете ја оваа смеса во веќе потпечено тесто за пита. Бидете сигурни дека полнењето и тестото се заедно топло или заедно ладни. Ова полнење покријте го со претходно зготвената маринада. Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови додека не се зацрви површината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *