Многу ја сакам разгледницата. Многу, многу ја сакам 😍
Илле го направи мојот ден, тогаш кога ја добив и сега кога повторно ја препрочитав неколку пати. Прво – затоа што е мојата омилена тема, прозорци, второ – затоа што напиша многу прекрасни работи, за нејзиниот секојдневен живот, нејзините омилени работи, нејзината работа и вообичаените прошетки. Е тоа е исто како да читате кратка автобиографска книга, но целата слика што ја создавате потоа е во вашата глава. И веќе ги замислувате кога одат на театар или во кино во викендите кога е ладно, облечени во топла облека и поминувајќи време заедно со нејзиниот сопруг. Или пак кога уживаат во своето кафе во нивната градина заедно со сивата мачка и белиот зајак, кои совршено се вклопуваат во нивната околина, зборувајќи си за деновите кога нивните деца го исполнувале дворот и трчале наоколу, но сега сите веќе се со своите семејства. Или пак кога одат на пазарот во Нирнберг, за време на зимските празници, каде што има многу божиќна музика и греано вино и сендивчи на скара од зелка и колбаси завиткани во баварски леб и сите тие измешани зимски мириси те понесуваат наоколу. Ах, лиги на устата веќе течат од овие убави приказни вклопени во само една убава разгледница.
Ова се звучи како совршена приказна кога ќе остариме и посакувам секој ќе го доживее тоа.