
Оваа многу многу убава ливадска и цветна разгледница го прикажува храмот Кокубунџи во Окајама или како што напишал Хироши – Пет катна пагода и поле со астрагалуси. Дали вие знаете што е пагода? Или астрагалус?
Дополнителни информации –
Пагода – Храмот што е на разгледницата е на пет ката.
Пагодата е кула на повеќе ката и настрешници, вообичаени за Кина, Јапонија, Кореја, Виетнам и другите делови на Азија.
Карактеристично за пагодата е тоа има повеќе катови кои изгледаат како покриви, еден над друг со прекрасно дизајнирани настрешници. Многу пагоди во Јапонија имаат по пет кровови или нивоа (или катови) и секој симболизира еден од значајните елементи (од најниско ниво), земја, вода, оган, ветер и простор или празнина (највисокото ниво).
Претходниците на пагодата се нарекуваат ступи (но за нив повеќе информации во некоја друга разгледница)
Astragalus – е розова билка (како што можете да видите на разгледницата) што со векови се користи во традиционалната кинеска медицина. Има многу придобивки, користејќи од коренот се до семето, за имунолошки систем, дијабетес и др.