
Кога ќе одите во Виена, мора да пробате Виенска шницла, инаку би било како никогаш да не сте пошле таму. Јас бев, пробав и тоа домашна и знам за што зборувам. Еве го традиционалниот рецепт, на разгледница, испратена од драга пријателка Мартина (мој имењак :)) која е всушност од Германија, но кога и да патува наоколу ми испраќа разгледници. Секако и таа го препорачува ова вкусно јадење, но дотогаш може да се обидете дома да го пробате овој рецепт.
Известете ме што и како ќе излезе.
Дополнителни информации – Австриските шницли се толку големи, што можат да ја покријат скоро цела ваша чинија.
9-ти септември е Национален ден на Виенската шницла.
Познатата„Виенска шницла“ за прв пат се појавила кон крајот на 19 век, со првото спомнување во книгата – готвач од 1831 година.