Дана, Германија

Сите ние имаме место, каде се чувствуваме како дома, како да припаѓаме таму. Не е нашето место каде што сме родени, туку местото каде сме се пронашле лутајќи низ светот и уште од првиот чекор, го знаеме тоа, дека ова место ќе биде нашиот втор дом. За мене е Гдањск во Полска, но за Дана е Германија. Таа таму работеше на проект и го знам чувството кога ќе заврши проектот и мора да се вратиш во својот вистински дом. Тоа преставува мешавина помеѓу носталгијата за семејството што не си го видел оддамна и местото каде што си среќен. Тоа е тешко, навистина.
Ова не е вистинска разгледница, туку билет од претставата на уметникот Грегор Ајзенман, кој е сликар (започнав да ја сакам неговата уметност). Тој имал изложба во омиленото место на Дана во Вупертал, каде што имал аудиовизуелна уметничка изведба. Но, тврдата хартија и вообичаената големина на разгледницата, ја потсетиле Дана на мене и јас сум среќна што е во мои раце 🤗

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *