Оваа разгледница е од неколкуте други од Малта, кои Силван ми ги има испратено, се разбира заедно со поздравите.
Дополнително инфо – Мдина (позната како „Тивкиот град“) е стариот главен град на Малта. Тој е комплетно обиколен со средновековна тврдина, ограден во бастиони, лоциран на голем рид во центарот на Малта.
Во овој мал град, не се дозволени автомобили, освен оние на жителите. Како и да е, таму живеат околу 250 луѓе, во рамките на градските ѕидини.
Мдина е многу популарна туристичка атракција која вреди да се посети преку ден или ноќ.