Разгледницата од Yingying е копија од уметничка слика на платно, која всушност претсавува една идилична сцена на реката Јан це, односно малите гратчиња кои се наоѓаат покрај неа. Таа е најголемата река во Кина.
Инаку Yingying, посвети повеќе внимание на објаснувањето на маркиците, затоа и нив ги приложив. Средната е обична комерцијална маркица, но таа од десно е будистички храм од Yunnan , а таа најинтересната од лево е мост покриен со храмови и помага да бидат заштитени пешаците кога врни дожд или снег.