Со Мероуан, имаме разменато неколку разгледници и сите му почнуваат со „Мир со тебе“ и тоа им било како секојдневен поздрав, а звучи како желба, како порака за соговорникот. И мене секако ми е поголемо уживање кога читам после тоа.
Тука е еден многу интересен податок за козите што се качуваат на дрво и тоа само во Мароко. И тоа не сите дрвја, туку само аргановото дрво. Козите ги јадат овошките од дрвото и после тоа семките ги исфрлаат преку нивниот измет, она што всушност после тоа се користи во преработка за прозиводство на арганово масло 😮
Дополнителни информации –