Јас сум многу среќна што имав можност сама да ја изберам оваа разгледница. Толку многу ми се допадна што веќе почнав да сум обожавател на разгледниците со сината мачка креирани од Рина Зениук. Таа навистина направила неверојатна работа. Само што јас би ја преименувала оваа разгледница Мачка во Фичо, или шофер на Фичо 😂 (во Македонија оваа кола се вика Фичо🤗).