Дени е мој драг пријател кој го запознав преку размената на разгледници. Го познавам долги години и никогаш не ме изневерил со ниту една разгледница. Сите разгледници што ми ги испратил се уникатни и убави исто како и Австралија.
Ова е мојата прва разгледница што ја добив од него и од Сиднеј воопшто (добиена преку размена на разгледници). Како што обично им велам на испраќачите да напишат повеќе за своите омилени работи (книги, храна, хоби …) тој овде спомнува дека Океанот му е најомилен. Бидејќи живее во Сиднеј, кој е опкружен со многу плажи и има долги жешки лета, океанот е неговата љубов дефинитивно.
Oваа разгледница претставува „макси-картичка“ креирана од австралиската пошта. Неверојатно е како поштата е посветена на разгледниците и поштенските марки (на предната страна можете да видите како маркицата одговара на разгледницата 😍).
Дополнителни информации за австралискиот брег – крајбрежјето на Австралија се протега на скоро 50.000 километри и е поврзано со над 10.000 плажи. Мостот на пристаништето во Сиднеј е најширокиот мост со долг распон и највисокиот мост од челичен лак во светот и 5-ти најдолг мост со простран лак според Гинис. Сиднеј го има најдлабоко природно пристаниште во светот со 504.000 мега-литри вода.