Хелга, Германија

Овој прекрасен поглед е од планината Ватцман кој се наоѓа на Баварските Алпи, јужно од селото Берхтесгаден во Германија.
Хелга многу го сака ова место и е среќна што постои разгледница за таа да може да му го покаже на светот.
За љубителите на планината ова треба да бидат обавезно место за посета.

Дополнителни информации- Планинскиот масив Ватцман всушност се состои од неколку независни врвови и под-врвови. Највисокиот е таканаречен „Среден врв“ со своите 2.713 м кој е проследен со „Јужниот врв“ 2712 м и со „Хочек“ 2651 м.

Легендата за планината – Познатите врвови се наоѓаат на исток од главниот дел од сртот и се т.н. „Сопругата на Ватцман“ и нејзините „Седум деца“.
Гледајќи го Ватцман од Берхтесгаден, формата на планинскиот венец може да се толкува како сопругата – лево, проследена со 7 под-врвови („децата“) и главниот масив на Ватцман („кралот“).
Еднаш, одамна во регионот владеел крал на многу суров начин, кој секогаш копнеел за поголема моќ. Како казна за неговите суровости, кралот се претворил во камен, а заедно со него и неговата сопруга и нивните седум деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *