Тереза, Чешка

Дали сте слушнале за Krtek/Krtecek/Krtecka/Krecik? За среќното кртче 🤗?
Јас навистина го обожавам. Ги прикажува авантурите на малото кртче во кратки цртани, а потекнува од Чешка, уште од 50-тите години од минатиот век, се до 2002, креирано од познатиот чешки аниматор Жденек Милер:
Прв пат го видов во Полска и веднаш се вљубив во ова мало кртче. овој цртан не беше прикажуван во мојата земја додека растев (мислам дека се уште не е познат), ама штом дознав за него, веднаш надохнадив и не можев да престанам да гледам. Иако веќе оддамна ги заминав моите детски денови 😂
Тереса веднаш штом дозна дека навистина го сакам, се потрудила да најде разгледница од него и да ми ја прати, затоа што е и нејзин омилен цртан.
Таа ја одбра оваа разгледница затоа што ја потсеќа на есен – времето кога всушност ми ја испрати разгледницата?
Вие ја сакате есента?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *