Симона, Романија

Симона ми е доста блиска пријателка, кои верувале или не, се запознавме токму преку разгледници и ме има посетено. Да да. Многу пријатна личност со богато патувачко искуство.

Штета што јас во Романија не сум ја посетила, никако да ми се најде Брашов, нејзиниот роден град во моите планови, но се надевам еден ден ќе го остварам и тоа и ќе ја посетам.

Планината Бучеги е омилената планина за планинарење на Симона. Таа е љубител на планини и во слободно време сака да се искачува. Тука го наоѓа својот мир и одмор за време на викенди.

Дополнително инфо – Планината Бучеги со највисокиот врв Ому 2505 м, се наоѓа во близина на Брашов. На разгледницата е претставен споменик крст (monumentul eroilour или heroes cross), кој е во чест на паднатите борци во првата светска војна. Тој се наоѓа на еден од врвовите на Бучеги, Караиман, Caraiman peak (2384m)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *