
Оваа зимска идила е омиленото место за планинарење на Давиде, а со оваа разгледница ми посакува среќен роденден. Сликата претсавува панорама од селото Valle d`Aosta, кое се наоѓа веднаш до каскадните водопади Lillaz, кои се голема туристичка атракција.
Се надевам декој некој нареден роденден ќе можам да го посетам 🙂
Дополнително инфо – Селото е лоцирано во националниот парк Grand Paradiso, a oд селото до водопадите има само 10 минути пешачење. Како што споменав водопадите се каскадни и се три на број. Да ве предупредам пред да одите да се снабдите со добри чевли за планинарење.