Mijung од Сеул испраќа топли поздрави, со надеж дека еден ден ќе се сретнеме во Сеул, затоа што обожава да ја прикажува неговата убавина на странците, па со оваа разгледница, испишана со интересни факти не мами да ја ставиме во нашата листа на следни дестинации за патување. Јас веќе ја ставив 🙂
Дополнително инфо: Огромниот главен град Сеул е ултра модерен кој нуди безброј можности во работата со технологијата и спаѓа во редот на најчистите градови во светот. Исто така нуди многу можности и за посетување, а мене она што најмногу ме привлекува е Lotte World. Додека Калифорнија и Париз го имаат Дизниленд, Јужна Кореја го има Lotte World.