Дана, Берлин (2019)

Оваа разгледница е од ноември 2019, веднаш по посетата на Дана во Битола. Секако дека Битола (Македонија воопшто) и била поубава 😀 😀 а покрај природните убавини од кои секогаш и застанува здивот, така и поради превкусните мушмули кои ги нудиме и црвените пиперки (си зеде дури 2кг за по пат)
Имавме план повторно наредната есен (2020) Дана да дојдe, посебно за мушмулите, но со оглед на ситуацијата можеби оваа година мушмулите ќе останат непробани.

Дополнителни инфо – на задната страна пишува дека сликата на самата разгледница е од Берлински фотограф Mischa Heuer и ги видов неговите неверојатни фотографии на инстаграм.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *