Иако сум купувала разгледници од мала,
од местата што сум ги посетила,
сепак активен колекционер станав
откако се вратив од Полска 2010 година.
Таму живеев со цимерка од Германија, Кате,
која не користи ништо од социјалните мрежи,
па нашиот контакт го одржуваме (до ден денес)
преку писма и разгледници.
Уште од самите почетоци на добиените разгледници
се воодушевував од приказната.
Сосем е различно од оние што сум ги купувала.
Тие немаа душа, а добиваа откако ќе ги испратев,
така и овие што ги добивам, имаат своја душа,
своја приказна, свој дел од нечиј живот ,
засекогаш запечатен и зачуван во моите албуми и кутии.
А еве сега и тука на оваа моја страна.
Колку и да се противиме против технологијата,
сепак таа ќе ми овозможе да ги овековечам моите разгледници,
да ги споделам приказните, да ги научам другите за оние работи
кои и мене ми помогнаа да го гледам светот со широко отворени очи.