Разгледници

Овој албум е за разгледниците како што генерално би требало да се подредуваат, па би сакала да им олеснам на другите во пребарувањето. Вака полесно се пребарува и ќе се научи за една држава, секако тој што ќе се пронајде во овој начин на прикажување.
Од некои држави имам многу, од некои имам малку, а од некои немам вооптшо, но тоа не значи дека преку еден или друг начин нема да дознаеме што крие некоја држава. Од друга страна никогаш не е касно да се добие ретка разгледница.
Тоа е така затоа што најголемиот број на разменувачи се од поразвиените земји, каде има голем избор на картички и разгледници, каде коштањето на купување и испраќање на самата разгледница е минимално, за разлика од посиромашните земји каде не само што изборот е лимитиран туку се и скапи и за купување и за испраќање.

Богота, “Дамата од Андите”

Разгледницата е испратена во август, но Ландо напишал „поздрав од Студената Богота“. Се надевам дека било само ладно, бидејќи за мене е тешко да поверувам за какво било студенило во август. Но интересно е тоа што никогаш не станува многу…

Read More

Бриони

Од нејзиниот летен одмор во Хрватска, Ане (од Холандија) ми испрати разгледница од Истра, полуостров, местенце, агол, со свој посебен свет, уживајќи цели 10 дена. Истра е полуостров во облик на срце во Јадранското море и со самото тоа мислам…

Read More

Танцот Баронг

За некого ова можеби е нормален поглед на село во Бали, но за мене е навистина ретка глетка, со неверојатен поглед и не толку самата фотографија, колку она што го претставува разгледницата. А познатиот Баронг е добродушен sвер кој ги…

Read More

Градина на Мирот

Оваа посебна разгледница пристигна во вистински момент – за мојот роденден 🤗 А е посебна затоа што разгледницата е иста со нејзината поштенска марка. Нели е тоа неверојатно?Секако дека самата разгледница е уживање, боите, градината, цвеќињата … Дополнително инфо –…

Read More

Сестри Леванте

Можеби изгледа како повеќето разгледници што ги добивам од Италија да се од Давиде 🤭 … Меѓутоа, јас си ги сакам сите затоа што се испратени од различни италијански убавини. Оваа разгледница има летна идила, а претходната имаше снежна и…

Read More

Петте Сестри на Кинтаил

Тони беше од Англија, но често патуваше со својот мотор и постојано испраќаше разгледници до своите пријатели. Овој мој позитива од пријател, ќе остане запаметен засекогаш, кој покрај разгледниците, често знаеше да ме поздрави и со книги (од Агата Кристи…

Read More

Севиља

„Можеби е само една разгледница плус во твојата колекција, но е најтопла затоа што доаѓа од жешките Андалузија и Брегот на сонцето“ – со оваа топла порака, ме поздрави мојата другарка Оли, која всушност е од Македонија, но таа често…

Read More

Прошетка низ Мехединти

Иако Дана напиша дека ова било мал подарок, сепак мислам дека ова е огромен подарок. Иако таа рече дека е долго планиран роденденски подарок (а тој пристигна 6 месеци по мојот роденден), мислам дека претставува повеќе од роденденски подарок. Помалку…

Read More

Бастионите на Медина

Оваа многу убава разгледница е исполнета со зборови полни со меланхолија и среќни моменти од далечната 2009 година. И мислам дека ако додадам некои историски информации, тоа ќе ја убие магијата што се шири низ секоја буква, со кои Кејт…

Read More

Стар Град, Варшава

Ивица е од Србија, но еднаш го посети Крис во Варшава, па заедно ми ја испратија оваа прекрасна разгледница од Варшава, нејзиниот многу богат и прекрасен стар град и овие многу големи и многу многу убави поштенски марки што, навистина…

Read More